Регистрација
  • ТАБ 001 - НАЈНОВО ВИДЕО

bann001

bann002

bann003

JАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025

Во пресрет на локалните избори, прашањето за благосостојбата на животните мора конечно да излезе од маргините и да стане централно прашање од јавен интерес. Ова не е тема за фусноти, туку тест за институционална зрелост, правна доследност и етичка ориентација. Односот кон животните не е ограничен само на миленици – тој открива дали општеството е хумано или рамнодушно, дали владеат вредности или владее безредие и насилство.

Состојбата во Македонија останува алармантна: нефункционални стационари, еутаназија како „решение“, борби со кучиња, труења, игнорирање на страдањата на прекубројната популација на улични мачки, злоупотреба на коњи во сообраќајот и предизвикување општа опасност, диви животни третирани како изложбени експонати, тотален хаос со нерегулираното сопствеништво на миленици, нетранспарентно трошење јавни пари, слаби инспекциски механизми и нула одговорност. Граѓаните се оставени сами на себе. Теренот го покриваат активисти и организации кои ја завршуваат работата што државата ја избегнува. Зошто? Затоа што без системски решенија и без дејствување врз причинителот, промени не можат да се очекуваат. Одговорноста е кај институциите, вклучително и кај локалната самоуправа.

Затоа, до секој кандидат поставуваме едно прашање: ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЛИ ОДГОВОРНОСТ – ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМОТ?

 
Напишано од www.anima-mundi.org.mk

#ЕутаназијаЗаГлупавиИдеи

Ние, активистите и љубителите, ве очекуваме во недела за да ви ја преставиме нашата иницијатива за решавање на проблемот со уличните животни и да ви одговориме на сите ваши прашања :)

 

 

 

Се гледаме!

 
Напишано од www.anima-mundi.org.mk

Природната селекција на Петре Шилегов се вика парвовироза/штенечак а Вардариште е дувло на овие вируси!

Не Петре. Не умираат од природна селекција. Умираат од вашето неработење и вртење на вистината. Малите кучиња ги убивате, осудувате на бавна смрт со нивното носење таму. И не е незнаење затоа што сто пати кажавме, туку така очигледно одговара – ги нема во евиденција, не се трошат пари за да се убијат, умираат сами во гушење, неописиви болки, органите, утробата им се распаѓа. Невидливи, заборавени од сите... Овие гревови беа заловени со нивната мајка, беа здрави, весели, игриви.

 

Online Donation

Вегефест

ПЕТИЦИЈА

катанец3

Дали сметате дека е потребно да се изградат повеќе паркови наменети за миленици?
 
Дали сметате дека општините е потребно да даваат субвенции за стерилизација/кастрација на домашни миленици?
 
Дали сметате дека стерилизација/кастрација треба да е законски облигаторна, освен доколку имате регистрирано одгледувачница?
 
Дали сметате дека е потребно да се постават повеќе корпи наменети за измет од миленици?
 
kujna

ВЕГЕ КУЈНА - ТЕСТЕНИНИ

ВЕГЕ КУЈНА - ДЕСЕРТИ

ВЕГЕ КУЈНА - ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ

ВЕГЕ КУЈНА - САЛАТИ

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb